Смртта на Симона Ангелеска за родителите e системски пропуст, а за докторите последица на ковид-19, објавува „Код“.

Мајката и сестрата на Симона лошата вест ја слушнале од Сашо. На документите кои ги добиле по смртта пишува дека на 23 март во утринските часови нагло се случиле неролошка симптоматологија, со болки во десна рака и нога и пад на сатурацијата поради што е ставена на неинванзивна вентилација. И покрај терапијата во 9 и 40 се влошува состојбата и има обиди за реанимација, но нема реакција и одговор, и во 10 и 15 е настапена смрт.

Од Министерството за здравство велат дека вонредниот инспекциски надзор не утврдил ништо по увидот во евиденциите и белешките за третманот на Симона.

Извор: Телма

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.