Министерството за здравство информира дека денеска на Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од страна на амбасадата на Израел на иницијатива на амбасадорот Ден Ориан.

Донацијата се состои од перфузори (инфузиони пумпи) за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња.

Овие апарти ќе се монтираат во амбуланти возила за транспорт на критично болни деца, кои во државата треба да стигнат до крајот на 2021 година.

Денешната донација е дел од Перимак проектот на Проџект Хоуп во РСМ кој има за цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност. Овој проект е имплементиран со поддршка на МЗ и започна во 2017 година.

На предавањето на донацијата присуствуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, директорката на Клиниката д-р Аспазија Софијанова, регионалниот дирекотр на ХОУП Влатко Ужевски и проект менаџерот Емилија Дуковска.

Перимак проектот е имплементиран со поддршка на МЗ и започна во 2017 година и треба да заврши во декември 2022 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.