Строгите епидемиолошки критериуми за откажување на јавни собири се однесуваат само на двата карневали во Струмица и Прилеп, како и за спортските натпревари кои треба да се играат без публика. За театарски претстави и други настани на кои нема луѓе од странство рече дека нема потреба да се одложуваат, кажа денеска Венко Филипче на пресконференцијата одржана во Владата.

Тој нагласи дека ќе се контролираат аптеките за кои имаат дојава од граѓани дека неоправдано ги зголемиле цените на заштитните маски, средства за дезинфекција и друг медицински материјал.

Во овој момент нема строга епидемиолошка причина да се откаже било кој друг настан. Одлуката да се спореде контрола на цените и количините на заштитни маски и материјали дојде по информациите од граѓани дека се драстично зголемени цените. Не е коректно да се прави така и согласно тоа што ќе се констатира на лице место ќе следуваат мерки за тие што го направиле тоа“, изјави Филипче.

Министерот уште еднаш повтори дека нема простор за паника, будно се следи состојбата од страна на експертите и во зависност од ситуацијата во секој момент може да се воведе нешто друго.

Им се заблагодари на сите лекари, медиумите, претставниците на МВР и сите што деноноќно ја следат ситуација…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.