Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека воведување мерка забрана за движење, при рапидно зголемување на бројот на заразени со ковид- 10 може да има само ако се пополнат болничките капацитети.

Ние во овој момент индикација за тоа немаме. Не може да живееме затворени и со рестрикција. Епидемијата ќе трае и после пронаоѓањето на вакцината додека не се вакцинира доволен процент на населението, рече Филипче.

Тој додаде дека имаме потпишано писмо до Светската здравствена организација да влеземе во планот за распределба на вакцината тогаш кога ќе биде на располагање.

Филипче потсети дека земјава е една од ретките има протоколи за функционирање на компании, бизниси, угостителски објекти, хотели, плажи, базени.

Тие протоколи се темелат на јасни епидемиолошки принципи. Задолжителното носење маски, одржувањето на физичката дистанца е единствениот начин со којшто ние ќе излеземе од оваа здравствена криза. Доколку се придржуваме до превентивните мерки бројот на заболени ќе се намалува, рече Филипче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.