Министерството за здравство во моментов работи на план за теренска вакцинација.

Нешто на што работиме во моментов е план за теренска вакцинација во местата каде што ќе видиме дека недоволен број од граѓаните се пријавиле за вакцинирање, изјави Венко Филипче, министерот за здравство.

Веќе е направен планот на граѓаните за 100.000 дози „Фајзер“ и 500.000 „Синовак“.

Од наредната недела се очекува вакцинација на 15.000-20.000 граѓани на ден. За брзо време ќе се вакцинираат сите 180.000 пријавени граѓани. Мислам дека до крајот на летото голема бројка граѓани ќе бидат вакцинирани. Сега се вакцинираат околу 300.000 граѓани, а со овие пратки ќе бидат уште толку, што значи ќе имаме 600.000 вакцинирани граѓани или 50 отсто од вкупната популација која треба да се вакцинира. До крајот на летото верувам дека ќе се постигне процент за кој можеме да кажеме дека имаме колективен имунитет“, рече министерот Филипче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.