Ванг Хаинг, фармацевт во болницата во Медицинскиот универзитет во Пекинг, рече дека носењето маска и миењето на рацете не е доволна заштита од короната.

Носот е познат како „порта“ на дишните патишта, лесно може складира нечистотија. Во носната празнина, објасни Хаин, има влакна и бројни мукозни мембрани во кои се акумулира прашина, микобактерии и вируси. Затоа, тој предлага да го миете носот еднаш дневно, веднаш штом ќе се вратите дома.

„Ако сте изложени на загадена околина, испирањето треба да се изврши веднаш штом ќе ја напуштите околината и се препорачува да го исплакнете носот неколку пати на ден“, објаснува тој.

За повеќето, доволно е да се исплакне носот со зовриена вода, чија температура е близу до телесната температура. Премногу ладна или топла вода може да ги иритираат мукозните мембрани на носот.

Хаинг советува употреба на солена вода за пациенти со хроничен ринитис, како и за лица со многу затнат нос. Таквата вода го намалува отокот на ткивата на носната шуплина и мукозните мембрани.

Кога го исплакнувате носот, главата треба малку да се спушти за да не влезе вода во респираторниот тракт. Повлечете ја водата на една ноздра, потоа енергично испуштете ја. Така правите со друга ноздрва.

Целта е да ги извадите бактериите и вирусите од носот, а не во белите дробови. Бидете внимателни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.