Вакцината против корона вирусот може да биде достапна за пошироката јавност во Кина уште во ноември годинава. „Сегашниот напредок е солиден“ изјаци Ву Гуџен од кинескиот Центар за контрола и превенција на болести.

Ву изјави дека потенцијалната вкаицна би можела да биде на располагање на луѓето околу ноември или декември годинава. Во Кина е во тек изработка на повеќе вакцини, но таа не наведе точно за која од нив станува збор.

Една од потенцијалните кинески вакцини е таа која ја развива лабораторијата CanSino Bio во соработка со воени научници. Други кинекси производители исто така се во поодминати фази од развојот на вакцини како што се компаниите Sinovak и Sinofarm.

Тие во Пекинг минатата недела по прв пат ги претставија своите решенија за стопирање на ширењето на КОВИД-19. И двете фармацевтски компании се надеваат дека ќе добијат зелено светло за продажба на вакцините до крајот на годинава.

Во светот има вкупно девет кандидати за вакцина кои се во третата фаза од испитувањето. Станува збор за последната фаза кога се тестираат вакцините на луѓе пред да се појават на пазарот. Една од вакцините кои најмногу ветуваат на светско ниво е дело на фармацевтскиот гигант Astra Zeneсa со британскиот Универзитет Оксфорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.