Кина го одобри лекот за третман на заболените од Ковид-19.

За разлика од превентивната вакцина, третманот со лекот е наменет за избегнување на компликациите кај инфицираните.

Кинеската агенција за лекови јави дека дава „итно одобрение” за кинескиот третман против Ковид-19.

Лекот се заснова на моноклонални антитела кои се врзуваат за шилестиот протеин на коронавирусот, намалувајќи ја неговата способност да навлезе во клетките.

Клиничките испитувања покажуваат дека лекот го намалува ризикот од хоспитализација и смрт на пациенти кои може да развијат потешка форма на ковид-19.

Во Кина, која дозволува употреба само на домашни вакцини, вакцинирани се повеќе од 70 отсто од населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.