Д-р Горан Николов лекар специјалист интернист-кардиолог на Фејсбук објави молба до своите помлади колеги и до министерот Венко Филипче ако се откажат од вакцинирање, тој би прифатил да се вакцинира.

„Почитуван министре за здравство доцент др Венко Филипче, почитувани помлади колешки и колеги!

Доколку некои од Вас од разно-разни причини не сака да ја прими, односно се откажува од вакцината за COVID 19, ако е можна замена, јас др Горан Николов лекар специјалист интернист-кардиолог се пријавувам и би прифатил да се вакцинирам.

Патем мора да напоменам дека водејќи го ПЗО СРЦЕ и работејќи цело време од почетокот на пандемијата без прекин, а мојата возраст се полни 65 години, е причината за ова мое јавно обраќање кон Вас колеги. Конечно и ние вработените во приватниот здравствен сектор заедно со сите Вас ја споделуваме и преземаме дел од работата на јавното здравство во справувањето со другите заболувања“, пишува д-р Николов во својата молба на Фејсбук.

М О Л Б А

Почитуван министре за здравство доцент др Венко Филипче, почитувани помлади колешки и колеги!

Доколку некои…

Posted by Goran Nikolov on Wednesday, 24 February 2021

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.