Како и секаде така и во Босна и Херцеговина медиумите се обидуваат на граѓаните да им ја доближат здравата исхрана.Но,одговорот на еден доктор по ова прашање стана вирално пред се поради директниот договор на кардиохирургот Емир Солаковиќ кој важи за ценет и почитуван лекар не само во БИХ туку и пошироко…
Емир Солаковиќ, кој е кардиоваскуларен хирург, по прашањето за здрав живот и здрава исхрана, вели:

Доаѓа странец и прашува каде е собата за пушење, потоа оди на Баш чаршија, ќе се изнајаде и стомакот му е толкав…Но, тоа нему му трае три дена а потоа се враќа во својата земја и продолжува со неговите здрави навики. Ние велиме нашиот народ не е здрав. Па како ќе биде здрав? Учат факултет и за тие години имаат само два часа предавање за здрава исхрана и тие си одат. Па, здодевно им е.И потоа кога нивен пациент ќе дојде кај лекар што ќе научи кога докторот не знае да му каже што треба.На телевизија рекламите се такви какви што се. Државата не говори за народот, одете на Баш чаршија само бурекџилници и ќебапчилници…Нема што нема а никаде риба. Значи, кога ќе погледнете нашиот народ нема теоретска шанса да биде здрав.И потоа три дена пред смрт доаѓаат и прашуваат како здраво да живеат. Па најдобро посипај се со песок и навикнувај се на земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.