Белгискиот виролог Марк Ван Ранст сподели снимка од јапонски експеримент кој прикажува колку брзо коронавирусот се пренесува меѓу луѓето во кафулињата и рестораните.

Во експериментот учествувале 10 лица, а еден учесник претставувал заразена личност. На рацете му била нанесена флуоресцентна боја која не е видлива на дневна или вештачка светлина, а потоа учесниците отишле во просторија во која заедно седеле и јаделе.

По половина час, научниците ги изгаснале светлата, а под ултравиолетовата светлина било видливо дека честичките на бојата се прошириле на сите присутни, на приборот за јадење и масата, а дури стигнале и до лицата на учесниците во експериментот.

Овој експеримент покажува колку е важно честото миење на рацете, но и носењето на заштитна опрема како ракавици и маски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.