Како посетата на Владимир Путин влијаеше врз здравјето на Србите? Според српски „Телеграф“, доаѓањето на рускиот претседател во Белград директно влијаело врз помалиот број на повици во Брзата помош. Според нивните извори, вработените во Брза помош навистина се израдувале на оваа посета, бидејќи, како што велат, благодарение на него граѓаните се чувствувале многу подобро, а тие имале помалку работа.

Ех, да ни е Путин секој ден на гости, велеле вработените.

Порталот ова тврдење на вработените го надополнува со бројки, додавајќи дека обично сневно има по 120 повици до Брза помош, а вчера имало само 74.

Голем број на граѓани вечерта ја поминаа пред храмот Свети Сава или пред телевизор, следејќи ја средбата на двата претседатели. Можно е поради тоа болните немаа време да мислат на здравјето, насилниците на тоа некој да повредат, а возачите возеа побавно поради полицијата на улиците, заклучува порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.