Една студија потсетува колку е заразен Ковид-19 и колку е тешко да се спречи заразување ако некој живее во преполни мултигенерациски домаќинства. Ова го изјави медицинскиот аналитичар на Си-Ен-Ен, д-р Леана Вен, лекар и визитинг-професор на Универзитет.

Инфекцијата се шири брзо

Неодамнешното истражување на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажа дека инфекцијата меѓу членовите на домаќинството се случува брзо. Над половина од луѓето (53%) кои живееле со некој кој се борел против Ковид-19 се заразиле за една недела, откриле истражувачите. Приближно 75% од овие секундарни инфекции се случиле во рок од пет дена од почетните симптоми кај почетниот пациент. Помалку од половина од заразените членови на домаќинството имале симптоми во моментот на откривањето на инфекцијата.

Изолирајте се себе си или вашите најблиски

Да останете изолирани од другите членови на домаќинството е предизвик, особено ако сте на мал простор или имате деца во куќата.

Што да се подготви?

Не двоумете се да нарачате преку Интернет или замолете ги вашите најблиски да ви донесат основни потреби, кои вклучуваат:

Термометар и средство за чистење

Лекови за намалување на треска

Кутија со гумени или латекс ракавици за еднократна употреба и маски за лице

Обичен сапун и средство за дезинфекција на рацете заснован на 70% алкохол

Марамчиња

Редовен прибор за чистење, ракавици за кујнско чистење и вреќи за ѓубре

Дезинфициенси за чистење

Носете маска и дезинфицирајте

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.