Шминката е уметничко дело кое жената го усовршува со тек на време. Секој ден, жените користат различни видови на шминки, реквизити и се останато кои треба бараат соодветен начин одржување, бидејќи истите дирекно влијаат на изгледот.

Прочитајте кои трикови ќе го доведат до совршенство изгледот.

Грижете се за четките кои ги користите за шминка

Квалитетни четки можат да траат и цел живот. За да ги одржите во добра кондиција. Тоа значи никогаш да не ги оставате валкани бидејќи козметиката која е нанесена на нив може да ги оштети многу брзо. Мијте ги често со шампон или нежен течен сапун.

Немојте да ја поправате шминката, освежете ја

Нема потреба да ја отстраните и повторно да ја нанесете размачканата шминка ако планирате да излегувате вечерва. Само натапкајте го вишкот кој се создал во текот на денот, нанесете тонер на лицето и поминете со марамче. Потоа нанесете пудра во прав за да се добие крајниот свеж изглед.

Избегнувајте да користите скапи пилинзи за тело

Не мора да трошите многу пари за пилинг бидејќи можете да го направите дома. Се што ви треба е да искомбинирате 4 лажици шеќер или сол и 3 лажици маслиново масло.

Секогаш грижете за своите усни

За да може карминот да изгледа совршено на вашите усни треба да се грижите за нив. За ова не ви треба специјални креми. Наместо тоа, измешајте кафеав шеќер, маслиново масло и екстракт од ванила.Нежно масирајте ги усните со смесата и избришете со марамче. Толку! После тоа вашите усни ќе бидат подготвени за кармин.

Никогаш не купувајте пудра во нијанса потемна од вашата кожа

Нема потреба да ставате основа за шминка потемна од кожата и нема потреба да нанесувате повеќе слоеви. Бирајте природна нијанса и ако е многу светла затеменете ја со бронзено руменило.

Вазелин како отстранувач на шминка

Да, вазелинот може да се користи и за ова. Само треба да ставите мала количина на памук, да го поминете лицето и потоа да измиете со вода.

Со неколку едноставни чекори до свеж и убав изглед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.