Вакцината против коронавирусот на американската компанија „Moderna“ доби во средата одобрување од европскиот регулатор и стана втор ваков препарат одобрен во Европската унија.

Откако Европската агнеција за лекови (ЕМА) даде залено светло, вакцината треба да биде одобрена уште од Европската комисија и тој конечен чекор се очекува многу скоро, за да може да започне вакцинирањето со овој препарат и да се забрза вакцинацијата на населнието во Европската унија.

Одлуката на ЕК уследи откако денеска Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска одобри употреба на вакцината против Ковид-19 на Модерна за лица постари од 18 години.

Истражувањето спроведено на околу 28.000 луѓе на возраст од 18 до 94 години, кои немале знаци на претходна инфекција, покажува дека вакцината на Модерна е ефикасна 94,1 отсто.

Нејзината ефикасност кај учесниците со ризик од сериозно заболување од Ковид-19, вклучително и лицата со хронични болести на белите дробови, срцеви болести, дебелина, болести на црниот дроб, дијабетис или ХИВ инфекција, е 90,9 отсто.

Комисијата за лекови за хумана употреба (CHMP) при ЕМА, ја одобри вакцината на состанокот во средата, отккао претходниот вонреден состаник одржан во победелникот заврши без заклучок.

Според досега познатот за вакцината на „Moderna“, така по двете дози од препаратот дава заштита на организмот од најмалку 90 дена. Таа, исто како и вакцината на „Pfizer/BioNTech“ се заснова на „mRNA-1273“ новата технологијата за развој на вакцини.

Во „Moderna“ очекуваат дека вакцината ќе биде стабилна 30 дена на вообичаените температури од 2 до 8 Целзиусови степени, како и дека може да се складира до шест месеци на минус 20 Целзиусови степени. Вакцината на „Pfize/BioNTech“, пак, мора да се транспортира и да се складира на минус 70 Целзиусови степени, температура која е својствена за зимите на Арктикот. Може да се складира до пет дена на стандардна температура во ладилник или до 15 дена во термална кутија за транспорт на медицински препарати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.