Министерот за здравство Венко Филипче денеска нагласи дека 90 проценти од новодијагностицираните пациенти се асимптоматски носители на коронавирусот, а останатите десет посто имаат сосем лесна симптоматологија.

Тој, на денешната прес-конференција, како пример посочи дека кај членови на едно семејство од десетина тестирани само еден има позитивен тест со сосем лесни симптоми, додека останатите девет се асимптоматски носители.

Што ни покажаа првичните резултати кога повторно почнаа да доаѓаат случаи во рамките на семејствата околу оние семејни настани околу 24/25 мај и неколку денови претходно дека има еден одреден процент асипмотиматски носители. И заради тоа интензивно ги истестиравме сите примарни контакти на претходно дијагностицираните, околу 15 семејства се тоа во Скопје огромен дел од новодијагностицираните се тука. Но, 90 отсто се асимптоматски, другите имаат сосем лесна симпотамтологија, вели Филипче.

Тој соопшти дека прво морале да го проценат капацитетот на болеста да прерасне во тешка, што, како што вели, не се случува изминативе две недели.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.