Kај 127 лица заразени од коронавирусот ковид-19 се присутни коморбидитети, односно хронични здравствени состојби, се наведува на веб страницата на Институтот за јавно здравје, заклучно со податоците за заболени објавени вчера.

Од нив 91 лице имаат кардиоваскуларна болест, 29 лица се со хронична белодробна болест, 28 со дијабет, 7 со хронична бубрежна болест и 18 со други хронични болести.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (62,6%), температура (62,6%), слабост (34,4%), главоболка (21,5%), треска (19,4%), болка во грло (17,1%) и отежнато дишење (17,1%), а 142 лица биле без изразени симптоми.

Регистрирани се 57 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Од вкупниот број на случаи, 65 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на Меѓународниот аеродром Скопје, а вкупно 302 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или во странство.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,9 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 115 (20,7%) со највисока специфична инциденца од – 41,4/100.000

Во однос на полот, регистрирани се 270 машки и 285 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 26,0/100.000, додека кај женските 27,6/100.000.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.