Југослав Николиќ, кој во моментов се лекува од коронавирусот на Клиниката за белодробни заболувања во комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје преку социјалните мрежи упати апел за финансиска помош, за да биде префрлен на приватна клиника.

Вели, иако лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт, сепак, смета дека клиниката не може да му ги пружи идеалните услови за неговиот организам да ги има сите шанси за борба.

Ви го пренесуваме неговиот апел во целост:

Драги мои роднини, пријатели и сите што ова ќе го прочитате,
Дојде момент да немам друг избор и помош да барам јавно. Јас сум Југослав и сум пациент на клиниката за белодробни заболувања во комплексот Мајка Тереза, позитивен на КОВИД-19 и со лоша клиничка слика.

Се борам за секој нареден здив, вода пијам голтка по голтка со многу вложен труд и болка бидејќи грлото ми е во рани од кашлица и исплукување крв. Клиниката е преплавена со заболени, лекарите и сестрите борци се борат како последните упорни херои, жртви на воен фронт.

Секој ден се плашам дека можеби ова е мојот последен ден на овој мил свет. Моите сестри веќе заминаа од светот на живите, а јас секој миг се плашам дека мајка ми ќе остане и без последното чедо кое што не успеа да остави ни внуци позади себеси.

Сметам дека клиниката не може да ми ги пружи идеалните услови за мојот организам ги има сите шанси за борба па одлучив да Ви се обратам Вам за помош. Хуманитарните луѓе од млекара Бучен Козјак веќе помогнаа со голем дел од средствата кои ми се потребни да се лекувам на приватна клиника каде што сметам дека медицинскиот тим може да ми пружи подобри шанси за живот, но ми недостасуваат уште 9.000 евра за да примам озонска терапија и крвна плазма и да ја продолжам борбата со нови сили.

Ве молам сите што сте во можност и на кои нема да можам можеби и никогаш да Ви се одолжам, доколку можете, да ми донирате средства на следните сметки:

Банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Име: Југослав Николиќ
трансакциска сметка: 300007086496153
девизна сметка(IBAN): MK07300307015989360

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.