Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза, реагира од болничкиот кревет дека сè уште не го добил лекот „трикафта“.

Сè додека не го објавив транспарентот од болничкиот кревет, никој не знаеше што е болеста цистична фиброза, ни медиумите, ни македонската јавност, а камо ли за лекот ’трикафта’. А сега кога лекот е тука и на клиниките, јас лекот не го добив. Ги прашувам надлежните – дали ние останатите ќе го добиеме лекот навреме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна, вели Пехчевски.

Лекот „трикафта“ за најкритичните пациенти со цистична фиброза пред неколку дена пристигна на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија.

Од осумтемина пациенти за кои терапијата веќе е пристигната, седуммина се возрасни, над 18 години, и едно е дете. Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ најави дека ќе направат напор многу бргу да се обезбеди терапија за уште четворица пациенти оти со пониската цена им останале пари од сегашната набавка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.