Доста е, ги преминавте сите граници, пишува во својот статус на Фејсбук Денис Јанкуловски, кој е дел од тимот на Центарот за јавно здравје кој на терен ги прави тестирањата за коронавирусот.

Сограѓани, сожители, соселани од сите вери и нации и како и да се чувствувате.
Не знам кога конечно ќе разберете и прифатите дека:
– короната е вистинска
– короната е присутна, овде е
– короната не е заебанција, нека е и вештачки создадена
– никој ама баш никој не е короноотпорен, ниту вие ниту вашите најблиски
– ако не се грижите за своето здравје, ако сте несовесни и неодговорни знајте дека во опасност ги ставате блиските и сите нас
– мора (глупо ми е што ова го пишувам трет месец откако почна коронава) да бидете сериозни
– има едно чудо здравствени работници кои месеци не ги виделе своите или само на саат два и заради ваше безобразие и себичност уште нема да ги гледаат
– претерувате со покажување на нечовечност, ја увидовме одамна таа ваша карактеристика

Доста е. Зар сите што седат дома не сакаат да шетаат, не сакаат се видат со пријатели и роднини? Тие не знаат што е убаво? Зошто ги казнувате нив?

Верувам дека и меѓу верниците има совесни луѓе кои знаат дека ништо на светов не е незаменливо. Се може да се изведе и другпат.
Само едно нешто не е незаменливо – човечкиот живот. Е тука нема “ај пак”.

Доста е, ги преминавте сите граници, пишува Јанкуловски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.