Извршниот директор на Модерна Стефан Бансел за FT изјави дека очекува постоечките вакцини да бидат помалку ефикасни против новиот сој на коронавирус.

Бансел во понеделник за CNBC рече дека развојот и испораката на специфична вакцина за омикрон може да потрае со месеци.

Поголема доза може да се направи веднаш, но ќе поминат месеци пред да биде готова вакцината против сојот омикрон, рече Бансел за CNBC.

Бансел рече дека Модерна верува дека варијантата омикрон е многу заразни, но ќе им требаат две недели да се утврди колку мутациите влијаат на ефикасноста на вакцините на пазарот.

Модерна во петок објави дека работи на прилагодување на вакцината на новата варијанта и дека тестира бустер доза за заштита од повеќе варијанти.

BioNTech исто така објави дека работи на вакцина за омикрон заедно со Pfizer.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.