Едно истражување покажало дека во пијалокот што сите го нарачуваме крие најмногу бактерии, а тоа е чаша вода или газиран сок со парче лимон.

Со ова не сакаме да кажеме дека следниот пат кога ќе седите во кафуле треба да однесете ваши средства за хигиена, туку едноставно треба да научите кога пијалакот не треба да го нарачате за да избегнете ризичен контакт со бактерии.

Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70 проценти, односно 53 парчиња се заразени со бактерии.

Иако ова не е најобемно истражување на оваа тема и самите можете да забележите дека парче лимон кое го добивате во чаша е претходно исечено, а дека тие овошја се чуваат во пластични садови на собна температура што е идеално опкружување за бактерии.

Истражувањето нејасно го открило изворот на овие бактерии, но откриле дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолни пијалоци.

Извор: denar.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.