Според податоците на Институтот за јавно здравје, заклучно со податоците до 29 април, во Македонија како оздравени се забележани 114 здравствени работници.

Како што информираше ИЈЗ, до 28 април, бројот на излекувани здравствени работници од коронавирус во земјава изнесуваше 88.

Вкупниот број, пак, на заболени здравствени работници досега, според податоците на ИЈЗ, изнесува 235 или 16% и тој деновиве стагнира или бележи минимален раст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.