Мајмунските сипаници се јавуваат главно во Африка. СЗО во моментов развива упатства за спречување на ширењето на болеста.

Постојат стравувања дека бројот на случаи би можел да продолжи да расте во летните месеци, рече главниот советник на СЗО за ризик од инфекции, Дејвид Хејман, во интервју за Ројтерс.

Појавата на мајмунски сипаници не може да се спореди со почетоците на пандемијата на коронавирус, бидејќи болеста не се пренесува толку лесно. СЗО претпоставува дека инфекцијата се шири преку сексуален контакт.

Лекарите, инаку, имаат повеќе прашања од одговори во овој момент. Најмногу се погодени мажите хомосексуалци кои неодамна имале сексуален однос, рече Леиф Ерик Зандер, инфектолог од берлинската клиника Шарите.

Бидејќи инфекцијата се пренесува со близок контакт преку кожа и, можеби, слузокожа и преку капки, препорачувам голема претпазливост и избегнување на блиски незаштитени контакти со непознати лица, рече Зандер.

Во симтомите спаѓаат температура, главоболка, болки во мускулите и осип кој начесто почнува на лицето, и се шири по телото.

Бидејќи, болеста може да има благ тек и заразените да немаат никаков осип можат случајно да заразат други. Поголемиот број од заразените се опоравуваат по неколку недели, а смртните случаи се реткост. Повеќе се загрозени децата и бремените жени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.