Сè ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните се нижеа еден по друг за многу кратко време, но полека се совземаме и ги средуваме мислите. Песимизмот дека мојот татко Иван ќе добие срце, дека ќе добие шанса за живот, денес веќе е зад нас, раскажува за „Фокус” раскажува Васил Огњановски, син на Иван (54), првиот пациент во земјава кој по пат на трансплантација од починат донор доби срце.

Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна. Се обидов да бидам смирен, па му реков дека сите го чекаме да ни се врати жив и здрав. Кога од клиника ми кажаа дека срцето е прифатено и почнало да чука, беа тоа магични зборови кои ми донесоа едно големо олеснување, кои во мене предизвикаа една благодарност кон храброто семејство на Емилија, се создаде една врска помеѓу нас, која вечно ќе трае. Вечно да се благословени тие големи луѓе – раскажа Васил Огњановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.