Оваа диета се прави за време на викенд. Се препорачува и консумација на домати поради присуството на антиоксидансот ликопен, зрнеста храна и зеленчук, со кои ќе се зголеми внатрешната температура и на тој начин ќе го активирате процесот на прочистување.

Сируп за слабеење:

(се пие навечер пред легнување)

300 мл вода

2 супени лажици сок од лимон

1 супена лажица јаворов сируп

1 лажичка лут пипер

1 лажичка ѓумбир

Сите состојки се мелат во блендер и пијалакот е готов за употреба.

Сок за активирање на метаболизмот

(секој ден пред појадок)

6 супени лажици сок од лимон

2 домати

4 чешниња лук

500 мл вода

6 коцки мраз

Состојките се додаваат во блендер и се меша една минута на максимална брзина.

Во текот на овие два дена пијте колку што можете повеќе зелен чај без шеќер наместо вода. Се јаде само зеленчук и зрнеста храна во помали количини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.