Италијанскиот вирусолог Џорџо Палу изјави дека вирусот корона е опасен, смртоносен за некои, но дека, генерално, смртноста е мала, и секако не е на ниво на чума.

Мора да престанеме со оваа хистерија“, рече Палу во интервју за дневниот весник „Кориере дела сера“.

Тој предупреди дека новиот карантин на целата територија на Италија ќе биде „самоубиство за економијата, казна за студентите и учениците и ќе значи дискриминација на оние кои страдаат од други болести, пред се од карцином, бидејќи за нив нема да има место во болниците“.

Палу, професор на Универзитетот во Падова и поранешен претседател на Европската асоцијација на вирусолози, рече дека „состојбата во единиците за интензивна нега е веродостоен индикатор за инфекција со ковид-19, бидејќи само тие податоци даваат реална слика за инфекцијата“.

Неговиот став за епидемиолошката состојба е во јасна спротивност со апелите испратени до владата деновиве од научници и јавни работници, но и со наодите на две институции кои се сметаат за врховен орган за здравството, Министерството за здравство и Високиот институт за здравство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.