Лекар од италијанскиот град Монтикјари, кого медиумите го идентификуваат како Карло Моска, е осомничен за убиства на пациенти со коронавирусот со цел да ослободи болнички кревети за другите пациенти.

Според досегашните сознанија на истрагата, лекарот специјално им инјектирал на пациентите со Covid-19 препарат кој предизвикува респираторна депресија. Како резултат на овие негови постапки, починале најмалку два пациента.

Во еден случај, обдукцијата открила присуство на препаратот во ткивата и органите на починатиот, кој може да предизвика смрт доколку пациентот бил предозиран со лекот, пишува локалниот портал Brescia Today.

Дневниот весник La Repubblica пишува дека во текот на беснеењето на епидемијата на коронавирусот во Италија, Моска буквално бил во првите редови на борбрата против коронаинфекциите. Самиот доктор тогаш изјавил за весникот дека „секоја смена беше борба да се спасат што е можно повеќе животи“.

Сега, сепак, обвинението за убиство на најмалку двајца пациенти, изнесено од обвинителите во Бреша, може да ја сврти приканата за херојската борба на лекарот во епидемијата, пишува весникот.

Мотивите за убиствата на пациентите со коронавирусот од страна на Карло Моска сѐ уште не се јасни. Во прилог на списите за слуајот биле и преписките на болничките медицински сестри, во кои тие се сомневаат дека лекарот убивал пациенти со цел да ослободи кревети во нивната медицинска установа. Истовремено тие во својата интерна комунијација го нарекувале Моска со „лудиот“.

Во моментов Моска се наоѓа во домашен притвор и очекува да биде изведен пред судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.