Вакцината е една од главните алатки кои помагаат во борбата против пандемијата на коронавирус, но ниту една вакцина не е 100 отсто ефикасна. Ова значи дека некои луѓе можат да се заразат со корона вирус дури и ако биле вакцинирани.

Ново истражување спроведена во Калифорнија ги анализира шансите за заразување по вакцинирањето, а резултатите покажале дека вакцините сепак добро функционираат.

Студија објавена во стручното списание „New England Journal of Medicine“ покажува колку ретко може да се случи некој да се зарази откако ќе биде целосно вакциниран, односно откако ќе добие две дози од вакцината.

Истражувачите испитале повеќе од 28.000 здравствени работници во Калифорнија кои биле целосно вакцинирани. Само седум, или 0,02 отсто, биле позитивни повеќе од две недели по примањето на втората доза на вакцините на „Модерна“ или „Фајзер“.

Лицата кои биле позитивни по вакцинирањето имале само благи симптоми на болеста или биле асимптоматски носители. Д-р Дејвид Вол, специјалист за инфективни болести на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Северна Каролина, вели дека резултатите се извонредни.

Пад на бројот на случаите има откако поминало повеќе време од приемот на првата, а потоа и на втората доза на вакцината. Вкупно 145 случаи се пријавени во првите седум дена од првата доза.

Авторите на студијата истакнуваат дека резултатите се охрабрувачки и дека „тие сугерираат дека ефективноста на овие вакцини се одржува и надвор од испитувањата“. Но, тие сепак бараат придржување кон епидемиолошките мерки сè додека не се постигне колективен имунитет.

Вол посочува дека треба да се внимава особено поради појавата на нови варијанти на вирусот, бидејќи тие можат да ги нарушат претходните напори за борба против епидемијата. Затоа Вол ја охрабрува вакцинацијата.

Вакцините што сега ги имаме, исто така, штитат од новите варијанти, до одреден степен – вели д-р Вол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.