Главоболките, конфузијата и делириумот што ги доживеале некои заболени од Kовид-19 можно е да се резултат на директно продирање на корона вирусот во мозокот.

Rезултатите од едно прелиминарно истражување на научници од неколку американски универзитети, обезбедувата неколку групи докази во прилог на досега непотврдената теорија.

Според истражувањето предводено од имунологот Акико Ивасаки, од универзитетот Јеил, вирусот е способен да се размножува во мозокот и неговото присуство одзема кислород од околните мозочни клетки, но сè уште не е јасно до кој степен се случува тоа.

Ендру Џозефсон, шеф на Одделот за неврологија на Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско, ги пофали техниките што се користат во истражувањето и смета дека е исклучително важно да се утврди дали постои или не директно вирусно делување во мозокот.

Сепак, тој додава дека сака да биде внимателен со оглед на тоа што истражувањето не е рецензирано, односно заклучоците не ги преиспитале други експерти од оваа област.

Вирусот од крвта преминува во мозокот

Експертите веруваат дека не е сосема неочекувано САРС-КоВ-2, кој предизвикува Ковид-19, да може да помине од крвта во мозочното ткиво и да ја совлада оваа физичка пречка чија задача е да запре пенетрација на надворешни супстанции во мозокот.

Ова му успева на пример, на вирусот Зика, што доведува до значително оштетување на мозокот на фетусите.

Лекарите досега веруваа дека невролошките ефекти забележани кај половина од пациентите со Ковид-19 се резултат на прекумерен одговор на имунолошкиот систем познат како цитоконска бура, што исто така предизвикува воспаление на мозочното ткиво, а не директната пенетрација на вирусот.

Ивасаки и неговиот тим решија да и пристапат на оваа загатка на три начина. Тие заразиле лабораториски одгледани мини-мозоци, заразиле глувци и го анализирале мозочното ткиво на луѓето кои починале од Ковид-19.

Со проучување на мозочно ткиво одгледано во лабораторија, тимот открил дека вирусот САРС-КоВ-2 е способен да зарази клетки на нервниот систем и потоа да ги користи самите неврони за да се реплицира.

Заразените клетки предизвикале смрт на околните клетки на тој начин што им го одземале кислородот потребен за живот.

Симптоми на делириум

Еден од главните аргументи против теоријата за способноста на вирусот да продира директно во мозокот е дека мозокот нема доволно нивоа на АЦЕ2 протеин за кој се врзува корона вирусот, а кој го има во изобилство во другите органи, како што се белите дробови.

Сепак, тимот открил дека во мозочното ткиво одгледувано во лабораторија има доволно АЦЕ2 протеин за да се олесни пенетрацијата на вирусот и дека овој протеин постои и во мозочното ткиво на мртви пациенти.

Со лумбална пункција на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, кои имале симптоми на делириум и од кои се зеде примерок од цереброспинална течност од ‘рбетниот канал со игла, откри дека има неутрализирачки антитела против вирусот во таа течност што е дополнителен доказ за нивната теорија.

Тимот генетски измени две групи глувци, така што едната имале рецептори за АЦЕ2 во белите дробови, а другиот само во мозокот.

Глувците чии бели дробови биле заразени имале некои знаци на оштетување на белите дробови, а глувците чии мозоци биле заразени брзо изгубиле тежина и починале, што укажува на потенцијална поголема смртност откако вирусот влегол во мозокот.

Испитувања на мозокот

На крајот, тие го испитале мозокот на тројца пациенти кои починале од тешка форма на Ковид- 19 проследено со компликации и откриле докази за присуство на вирусот кај сите во различни степени.

Во заразените области, немало знаци дека се опфатени од клетки на имунолошкиот систем, како што се Т-клетките, кои брзаат на места каде што се појавуваат други вируси, како што се вирусот Зика или вирусот херпес за да ги уништат.

Тоа сугерира дека можеби претераниот одговор на имунолошкиот систем познат како цитокинска бура, кој е одговорен за голем дел од оштетувањето на белите дробови кај пациентите со Ковид-19, не може да биде главната причина за невролошките симптоми кај овие пациенти.

Една од хипотезите на научниците беше дека носот може да претставува влезен пат на вирусот до мозокот, но авторите на истражувањето наведуваат дека тоа мора да се потврди со истражувања.

Тие додадоа дека се потребни повеќе обдукции за да се утврди степенот на оштетување на мозокот кај смртни случаи од Ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.