Ист е процентот на случаи со појава на тромбоза при примањето на „Фајзер“, како што и со „Астразенека“, но и понатаму граѓаните ја фаворизираат вакцината на „Фајзер“, вели д-р Нико Беќаровски од Институтот за токсикологија во своето гостување во емисијата „Студио 10” на „Телевизија 24”.

Се зголемува бројот на земји кои ја одобрија вакцинацијата на млади лица со „Астра-Зенека“. Имавме два типа на војна, едната беше негирање на се што доаѓа од истокот, а другата беше борбата за пазарот. Во таа борба, „Астра-Зенека“ очигледно влезе со своите најдобри побуди за да направи вакцина, каде што ќе иде со минимален или без профит, притоа се создаде конкуренција. Факт е дека се појавија тромбози, меѓутоа сите што ги следиме малку подобро бројките, гледаме дека истата појава во ист процент се појавува и кај „Фајзер“, вели Беќаровски.

Според него падот на заболени кој го бележи земјава во изминативе седум дена се должи на релативно топлото време и зголемувањето на бројот на вакцинирани. Како што се зголемува бројот на вакцинирани, требаше да има постепен пад. За 7 дена кај нас има голем пад, тоа се должи на топлото време, според моето убедување, а не дека е стекнат колективен имунитет, истакна Беќаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.