На Универзитетскиот Институт за радиологија во Скопје се инсталираат два апарати за магнетна резонанца со јачина од три Тесла.

На овие апарати ќе се прават најсовремени снимки со што ќе се овозможи најпрецизна дијагноза за многу болести кај пациентите. Во ЈЗУ Универзитетски Институт за радиологија во Скопје традиционално се дијагностицираат најкомплексните состојби во медицината.

Со новите апарати, капацитетот на Институтот ќе се зголеми за 50 проценти, а пациентите повеќе нема да чекаат долго време за испитување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.