Во Институтот за јавно здравје ниту еден од вработените не е позитивен на Ковид 19, информираат од институцијата.
Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Институтот за јавно здравје потврдена од директорот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана, се наведува во соопштението.

Од Институтот посочуваат дека официјалните информации за состојбата со Ковид 19 се објавуваат на интернет страницата на институцијата и на страницата на Министерство за здравство.

Ваквата реакција дојде по вчерашната нформација во некои медиуми дека двајца вработени од екипите што вршат тестирање биле заразени од корона вирусот и дека тоа ќе се одрази на темпото со кое работи Институтот и бројот на тестираните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.