Со зголемувањето на бројот на инфицираните од ковид-19 се наполни Инфективното одделение во Битола. Во Клиничката болница во Битола хоспитализирани се вкупно 20 пациенти. Со ова капацитетот на Инфективното одделение е целосно исполнет.

Најголем број од пациентите се од другите градови на Југозападниот регион, претежно од Струшко-Охридскиот.

Во Битола одделението е исполнето поради тоа што е Регионален центар и сите пациенти од тој регион доаѓаат тука. Со оглед на тоа што во Инфективното одделение повеќе нема место, сега пациентите од овој регион ќе се сместуваат во болницата во Охрид – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Во Битола веќе три дена нема новозаболени од ковид-19, а моментално како заболени-позитивни се водат само три лица.

Вкупно од почетокот на пандемијата до денес во Битола се разболија 30 битолчани, од кои две лица починаа, а 25 оздравеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.