Од сите различни мутации и варијанти на корона вирусот што се проширени ширум светот најголема загриженост меѓу научниците предизвикува варијантата Делта, првпат регистрирана во Индија, која сега добива надградба и ќе се води како Делта плус.

Иако оваа варијанта постои веќе некое време, Индија по ново ја класификуваше во „варијанта за загриженост“, ознака која се добива кога „варијантата на интерес“ ќе исполни еден од неколку услови како што се полесно пренесување, посериозно заболување, поголема отпорност кон антитела или намалена ефикасност на вакцините.

Индиското министерство за здравство објави дека „Плус“ верзијата на вирусот полесно се шири, полесно за закачува на клетките во белите дробови и е поотпорна кон некои терапии.

За сега, тие ја имаат идентификувано во 40 примероци во три сојузни држави во Индија, меѓутоа ја има и надвор од Индија во најмалку осум други држави (САД, Велика Британија, Португалија, Швајцарија, Јапонија, Непал, Русија и Кина).

Делта плус верзијата содржи и мутација на шпицот на корона вирусот која претходно беше најдена во јужноафриканскиот и бразилскиот сој. Првиот е поврзан со зголемен број на хоспитализации и смртни случаи, а вториот со зголемена заразност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.