Главниот американски епидемиолог Антони Фаучи смта дека имунитетот стекнат по природната зараза со ковид -19 трае најмалку шест месеци и тоа е периодот кога лицата кои прележале поблага или потешка форма на болеста се заштитени од реинфекција.

Според истражувањата најмалку шест месеци трае и имунитетот стекнат од вакцинирањето со вакцините на база на мРНК вакцините како што се Фајзер и Џонсон и Џонсон кои се аплицираат во САД кај лица на возраст од 18 до 71 годишна возраст.

Сега следува предизвик да се истражи дали и по шест месеци ќе остане стабилен имунитетот кај вакцинираните или ќе биде потребна уште една доза за негово поттикнување, велиФаучи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.