Двајца американски фризери со денови оделе на работа, иако имале симптоми и биле заразени со коронавирус, со тоа потенцијално загрозиле над 140 клиенти.

Во петокот било откриено дека стилист во салонот „Great Clips“ во Мисури, изложил на инфекција 84 свои клиенти и седум соработници. Ден потоа откриено е дека друг стилист од истиот салон, кој бил во контакт со 56 лица на работното место, исто така е позитивен на вирусот.

Салоните во американската држава Мисури се отворија на 4 мај, а сите клиенти и работници мораат да носат заштитни маски.

Двајцата фризери се вратиле на работа во текот на втората недела од мај и работеле осум дена, иако имале симптоми на коронавирус.

Одделот за здравство во округот Спрингфилд-Грин соопшти дека работниците ги почитувале сите мерки и редовно го чистеле објектот и дека, благодарение на списокот на контакти, можеле да ги известат сите лица кои биле во контакт со болните фризери, јави Си-Ен-Ен. Тие се надеваат дека нема да има „дополнителни случаи на инфекција“ затоа што сите работници и клиенти носеле заштитна маска во салонот. Додадоа дека секој што бил изложен на потенцијална инфекција ќе биде контактиран и ќе му биде понудено тестирање на вирусот.

Благосостојбата на клиентите и стилистите на „Great Clips“ е наш приоритет. Го затворивме салонот каде што работеа болните фризери и во моментов спроведуваме длабоко чистење и дезинфекција на објектот, се наведува во соопштението на сопственикот на фризерскиот салон.

Што се однесува до болните стилисти, нема дополнителни информации за нивната здравствена состојба дури и кога биле тестирани.

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, до вчера имало околу 1,6 милиони заразени и повеќе од 97.000 смртни случаи од „Ковид-19“ во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.