Спортската новинарка и уредничка во ХРТ, Мирна Зидариќ, која во јуни се излекува од короанвиурсот, на „Твитер“ објави вознемирувачка фотографија со една од многуте последици на болеста. Како и на голем дел од оздравените од ковид-19, така и на 50-годишната Хрватка почна да ѝ паѓа косата.

Поздрав до скептиците. Знам, не е најлошото што може да ти се случи од корона, но некому баш ова инфо може да му биде точката за пресврт. Не е некоја глетка, но имајте го ова на ум секогаш кога ќе ја извадите масата или ќе одбивате да ја носите. Ова е после само едно четкање, а вака е секој ден. Се надевам уште кратко, зошто ќе снема залиха, пишува новинарката.

Зидариќ се зарази на тенискиот турнир кој Новак Ѓоковиќ го организираше во Задар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.