За да го запознаеме корона вирусот од сите страни ќе бидат потребни неколку години, но извесно е дека нема нема да го искорениме, тврди српската докторка Ана Глигиќ.

Според неа прогнозите за короната од почетокот биле лоши, но истите и се потврдиле. Исто така таа тврди дека постои сличност меѓу вариолата и корона вирусот.

Има сличности меѓу корона вирусот и вариола вера. Мајка во Ниш почина на породување, а детето остана живо. Во вариолата имавме слични ситуации. Во папочната врвца на детето имавме антитела, значи природата се погрижи видот на човекот да не изумре – тврди  Глигиќ.

Според неа се уште не можат да се дава оцена како ќе се избориме со вирусот.

Тоа е тешко да се каже, бидејќи вирусот не го познаваме доволно. Не го знаеме вистинското потекло на овој вирус. Ние само знаеме дека резервоар во природата е лилјакот. Не знаеме кој бил преносител на луѓето. Тоа ќе го знаеме за неколку години. Останува да се видат виролошките резултати како би го запознале од сите страни, но извесно е дека нема да го искорениме – нагласува Глигиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.