Научниците направија испитување за да утврдат дали може лекот ибупрофен да помогне кај болните од корона вирус кои се во болница. За разлика од поранешните верувања, тие сметаат дека овој лек може да биде од голема помош.

Тим од една лондонска болница и Кингс колеџот веруваат дека овој лек, а кој е добар за болки, може да им помогне на пациентите кои се заразени од корона вирус и во лекувањето на дишните проблеми. Истражувачите се надеваат дека овој евтин третман може да ги држи пациентите понастрана од респиратор.

При испитувањето се користи специјална формула за разлика од таблетата која може да ја купите во аптека. А студијата направена на животни говори дека овој третман може да помогне кај компликации при заразување од корона вирус.

Професорот Митул Мехта е еден од истражувачите во тимот од Кралскиот колеџ во Лондон  и вели дека истражувањето мора да биде направено за да има докази за она што се очекува при земање ибупрофен.

Порано постоеше загриженост дека ибупрофенот може да биде штетен за луѓето кои се заразени од корона вирус, а францускиот министер за здравство Оливер Веран на жителите им препорача да користат парацетамол во борба против воспалението.

Медицинската комисија набрзо потоа заклучи дека двата лекови се безбедни за луѓето со симптоми од вирусот и дека двата може да ја симнат покачената температура и да ги отстранат симптомите на грип.

За оние со средно јаки симптоми на корона вирус докторите и понатаму советуваат да се зема парацетамол затоа што има помалку можности за нуспојави од ибупрофенот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.