Иако сите зборуваат само за опасностите од покачениот крвен притисок, никако не смееме да го занемариме ниту нискиот крвен притисок. Оваа состојба може да биде еднакво опасна.

Доколку вашите горни вредности на притисокот се пониски од 90, а долните пониски од 60, лекарите ќе ви дијагностицираат низок крвен притисок. Оваа состојба уште се нарекува и хипотензија.

Хипотензијата најголема штета му прави на мозокот, бидејќи постои ризик од хроничен недостиг од кислород, што како последица може да доведе до мозочен удар.

Причините за хипотензија се различни, од недоволно пиење вода, до проблеми со срцето, ендокрини проблеми и сериозни инфекции.

Ова се најраните симптоми што укажуваат на низок притисок:

необјасниво чувство на замор
зашеметеност и вртоглавица
мачнина
губење свест
заматен или замрачен вид

Овие симптоми варираат од слаби и умерени до многу тешки – додека некој ги чувствува како непријатни, на други им оневозможуваат да функционираат. Во екстремни случаи, еден од симптомите е ладна, бледа и леплива кожа, проследена со слаб или забрзан пулс и забрзано плитко дишење, заедно со несвесност за опкружувањето или збунетост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.