Продолжува серијата на донации на компаниите, членки на Аосицацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, во здравствените институции кои се на првите борбени редови при соочувањето со пандемијата од вирусот COVID-19.

Силен здравствен систем е она што е императив кога се соочуваме со една ваква закана, па токму поради тоа компанијата ХТЛ Македонија, членка на Групацијата Новоматик од Австрија, реши да донира болнички кревети во износ од 20.000 евра во ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје.

 

Помошта на здравствените институции во државата околу она што им е најпотребно овој период е од витално значење и истото го диктира темпото со кое ќе се справуваме со овој невидлив непријател.

Сакаме да веруваме дека со оваа наша акција барем малку ќе го олесниме секојдневието на здравствените работници кои ќе имаат една грижа помалку на своите плеќи, велат од ХТЛ Македонија.

Циклусот донации на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија, чија вкупна сума изнесува 200.000 евра, продолжуваат во наредниот период, а ќе бидат донирани болнички кревети и дезинфикциони средства на други болници кои се вклучени во борбата против новиот коронавирус, COVID-19.


Комерцијален текст

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.