Bо детската болница „Козле“ хоспитализирани се 22 деца со ковид компликации, објави Канал 5.

Има пациенти помали од 2 години, па се до 16 годишна возраст.

Пет се на кислородна поддршка, но сите се стабилни.

Многу од децата се хоспитализирани поради дехидрираност. Во дневните амбуланти дневно се прегледуваат и по 60 деца поради сомнеж за зараза од ковид или деца кои веќе имаат ковид, пренесе Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.