Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид спаси велосипедист од Холандија.

Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид доби повик од страна на група планински велосипедисти од Холандија, кои јавија дека при пад во близина на Трпејчко поле, југо-источно од Пештани, нивниот пријател се здобил со повреда во пределот на десниот колк. Тричлена екипа од ПСС со теренско возило веднаш излезе на терен, за кратко време лицето беше лоцирано, имобилизирано и транспортирано до с. Пештани, од каде во 14:45 часот го превзеде возило на итната медицинска помоши го пренесе во специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо во Охрид, соопштија на својата фејсбук страна членовите на Црвен крст Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.