Пациент кој почина во Градската општа болница „8 Септември“, имал хирушки третман на хемороиди направен од страна на хирургот Ѕвонко Николовски кој работи во приватнатната здравствена установа „Јанита“, а интервенцијата била направена во изнамјена операциона сала во друга приватна установа која се наоѓа во населбата во Аеродром, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Николовски е истиот хирург кој во 2007 година бил правосилно осуден за земање мито од страна Основен Суд – Скопје 1, кога работел во Градската Општа Болница „Св. Наум Охридски“, објави „24 мк“.

Николовски имал историја на земање мито. По пресудата, кратко продолжува да работи во Градската Болница, а потоа се префрла во приватни поликлини и ординации на релација Скопје – Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.