Грипот ја зеде третата жртва во Македонија

Здравје 20.02.2020 / 15:07

50-годишен човек е третата жртва на сезонскиот грип, соопштија од Институт за јавно здравје. Човекот имал хронични болести и починал на институтот за пулмологија, каде и се лечел.

Во меѓувреме, расте бројот на заболени од грипот, кој забрзано се шири. Неделава се регистрирани 5.660 заболени, што е за 74% повеќе од минатата недела.

Докторите потсетуваат на препораките да се избегнуваат места каде има голем број луѓе, јавни собири, а дополнително ќе се одлучува дали да се забранат и посети во болниците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.