Скопјанецот Небојша Додевски Грицко во моментот се наоѓа во болница со влошена здравствена состојба. Станува збор за момче кое е познато по своите хуманитарни дела, а овојпат е дед да му се помогне и него:

Дечки потребна е помош тука!
Небојша Додевски Грицко е лик кој и покрај тоа што има сериозни здравствени проблеми зрачи со невидена позитива и добрина. Организирал многу хуманитарни акции Food Not Bombs. Но и најсилните понекогаш попуштаат… Грицко четири години е на дијализа три до четири пати неделно. Иако повеќе пати се обратил за помош од државата, постојано е одбиван… Затоа во моментов ова е единствениот начин на кој можеме да му помогнеме!
Денеска на Грицко му се влоши здравствената состојба и се наоѓа во болница. За сега ја имаме само неговата сметка (во коментари). Доколку не можете финансиски да му помогнете, ве молам барем споделете ја неговата мака. Секоја идеја за подолготрајно решение, освен оваа моментална акција е добредојдена!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.