Националниот Комитет за имунизација денеска днесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од втората доза, соопшти денеска Министерството за здравство.

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата.

Трета доза „Фајзер“ им се препорачува на сите граѓани, без оглед на возраста и дали се хронично болни.

За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

Следејќи ги искуствата на европските земји и САД, Комитетот за имунизација препорача трета доза не само за лица над 60 години и за здравствени работници, туку и за кои било други граѓани доколку се изложени на ризик од КОВИД-19 поради тоа што имаат чести контакти на работа или приватно, без оглед на возраста и дали имаат или немаат хронични болести.

Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат.

Вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни, укажуваме на важноста на вакцинација. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од МЗ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.