Градоначалникот на Теарце, Исен Асани, имал смртен случај, но не дозволил групирање за изразување сочувство.

Пред месец дена ми почина сестрата. Знаејќи ги обичаите, да дојдат дома за сочувство, не го дозволив тоа поради состојбата. За добро на семејството и за другите луѓе, мора секој да прави така, затоа што ни се зголемија бројките на заразени со ковид-19 во селата на нашата општина, рече Исен Асани, градоначалник на општина Теарце.

Општина Теарце досега има еден починат и девет излекувани од ковид-19.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.