Прекрасни вести споделија родителите на шестгодишната Ина, малото девојче на кое му беше дијагностицирано тумор на мозокот кој и предивикувал епилептични напади. Ина е успешно оперирана и закрепнува!.

Сакаме да споделиме една убава вест со сите кои помогнавте за малата Ина. Операцијата беше успешна, се помина во најдобар ред, Ина е супер – закрепнуваме. Уште еднаш од срце да ви се заблагодарам на сите што на било каков начин ни помогнавте. Господ е голем, ќе ви врати на сите, порача на Фејсбук, таткото Ивица.

Хуманите граѓани му помогнаа на семејството да го собере потребниот износ и да ги покрие трошоците за операцијата во Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.